Eурофарм Пелистер се врати од „бездна“ за реми во драмата против Шафхаузен

Екипата на Еурофарм Пелистер со реми се враќа од Швајцарија, од гостувањето кај Кадетен Шафхаузен 28:28 во рамките од ЕХФ Лигата на Европа. Македонскиот тим во текот на целиот меч имаше слаба реализација, во вториот дел имаше негатива и од осум разлика, но успеа да се врати благодарение на добрата игра во финишот од средбата, кога најпрво ја стигна разликата, а потоа успеа од -3, да дојде до бод.

Мечот почна со домашна серија од 5:0, па потоа се играше гол за гол, па Кадетен успешно ја одржуваше оваа серија, која одеше и до седум разлика. До полувремето Пелистер успеа да намали, па така на одмор се замина со +5 за домашните (16:11).

Дојде најслабиот дел за Еурофарм Пелистер, па така во еден миг на стартот од второто полувреме Кадетен постигна четири, а Еурофарм Пелистер само еден гол, за највисоки 20:12. Врати Еурофарм Пелистер со четири гола по ред, а потоа како одминуваше времето, разликата беше од 2 до 3 разлика за домашните. Во финишот водството на Кадетен од 28:25, се чинеше доволно за триумф. Но, така не мислеа избраниците на Бабиќ кои успеаја да постигнат два гола, и во финишот да влезат со шанса за израмнување. Тоа им успеа со голот на Периќ во последните мигови да освојат бод.

Ако реализацијата на Еурофарм Пелистер беше подобра, можеби резултот ќе беше поинаков, со оглед дека од 45 шута, постигнаа 28 гола. а и голманите не се истакнаа. Најефикасен во гостинскиот тим беше Јосип Периќ кој постигна шест гола. Самуел Цендер од Кадетен постигна осум гола, но недоволно да се дојде до победа.

Се вчитува...