Ева Карнеиро: Рано е за фудбал… Да се појави само еден заразен фудбалер, и се ќе пропадне

Една од најславните докторки во светот на фудбалот, Ева Карнеиро која главно се прослави откако доби отказ од Челси поради недоразбирањата со Жозе Мурињо, денеска има своја приватна клиника за спортска медицина во центарот на Лондон. И повторно е интересна за англиските медиуми околу сите теми поврзани со спортот.

По отказот од Челси, Карнеиро го тужеше клубот и доби отштета од два милиони фунти. Повеќе од добредојдено за својот нов проект со кој, како што вели, се чувствува далеку посреќно. Сега со свој став и околу пандемијата на коронавирусот и можноста за продолжување на фудбалската сезона во Англија.

„Мислам дека се уште е рано. Еден новозаразен. Само еден во фудбалот…, и ќе има тотален колапс, се ќе се распадне. Тогаш се ќе се прекине, а животи ќе бидат загрозени. Голем е ризикот да се брза со враќање на фудбалот, а ако Премиерлигата продолжи единствениот клуч ќе биде во масовни превентивни тестирања“ – вели Карнеиро.

Според нејзиниот став плукањето на фудбалскиот терен треба строго да се казнува. Велика Британија во моментов има 180.000 потврдени од коронавирусот, и 27.510 починати.

Се вчитува...