Еве како се прави: За сите крводарители, билет за Лига на Европа

Вардар не може да наполни ниту половина стадион за своите натпревари од Лигата на Европа, па веќе кога не знае може барем да праша за совет, не предалеку, туку во соседна Србија. Партизан како клуб нема проблем да ги привлече своите фанови на стадион за европските натпревари, но „црно-белите“ во секој случај се решаваат со општествено одговорни акции да поделат дел од билетите.

Така, во пресрет на дуелот со Јанг бојс закажан за 23 ноември ќе биде организирана крводарителска акција на стадионот на Партизан, во која сите што ќе дојдат да дадат крв ќе добијат билет за мечот од Лигата на Европа.

Ги повикуваме сите спортисти, навивачи, членови науправа и пријатели на „црно-белото семејство“ да се приклучат на оваа хумана мисија на доброволно давање на крв. Со тоа се дава шанса на оние на кои им е потребна – за животот да победи. Благодарение на ваквите акции се обезбедува доволна количина на крв за нашите најзагрозени сограѓани и се подготвува адекватна резерва за претстојниот зимски период, кога одзив на оние кои даваат крв е намален“ – се вели во заедничкото соопштение на ФК Партизан и на Институтот за трансфузија на крв во Белград.

Се вчитува...