Еве зошто беше досуден пенал за Германија…

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Огромен е бесот во редовите на словенечката репрезентација по драматичниот финиш во кој на оваа селекција и беше одземен бод од страна на арбитрите од Франција. Само за потсетување, Јанц постигна гол на четири секунди до крајот, топката се заглави во мрежата на Германија, а прославата на Словенците ја прекинаа судиите кои по десетминутно прегледување на снимката решија да го исклучат Благотиншек и да досудат пенал за Германија, што „панцерите“ го искористија за да постигнат израмнувачки погодок со звукот на сирената.

Сите се во шок, но Словенците сепак открија како арбитрите им ја образложиле својата одлука.

Тие тврдеа дека Благотиншек бранел неправилно од кругот на центарот, за што автоматски следи црвен картон бидејќи е финиш. Згора на тоа, секој црвен картон во последната минута е автоматски пенал. Навистина шокантно, но никој не кажа уште колку време имаше до крајот кога Благотиншек го направил прекршокот… бидејќи времето веќе беше истечено“ – разочарано изјавија од таборот на Словенија.

Се вчитува...