Евертон го отпиша Родригез – Хамес се сели во Турција

Колумбискиот фудбалер и екс-играч на Реал Мадрид, Хамес Родригез по само една сезона во дресот на Евертон ќе се пресели најверојатно во турскиот шампионат и тоа во тимот на Истанбул, Башакшехир.

Овој клуб испратил официјална понуда до премиерлигашот за трансфер на офанзивниот играч за врска. Родригез сезонава ниту еднаш не беше во тимот на „карамелите“ и веќе е јасно дека нема иднина во клубот.

Хамес пристигна од Реал Мадрид и освен блесоци на неколку натпревари, целосно го снема на теренот. Башакшехир бара сериозни засилувања, бидејќи се наоѓа на претпоследното место на табелата во турскиот шампионат.

За потсетување, Родригез своевремено беше еден од најдобрите светски фудбалери и направи трансфер од Монако во Реал Мадрид за 82 милиони евра.

Се вчитува...