Евертон го сака Ирвинг Лозано, Наполи бара 50 милиони евра

Англискиот премиерлигаш Евертон е заинтересиран за крилниот напаѓач на Наполи, Ирвинг Лозано. Менаџерот Карло Анчелоти верува дека тој би бил одлично засилување за следната сезона, а Наполи за реализација на евентуалниот трансфер бара 50 милиони евра.

Мексиканскиот интернационалец пристигна на „Сан Паоло“ минатото лето за 42 милиони евра, а досега одигра 16 натпревари за составот на Џенаро Гатузо и постигна два гола. Тој има договор со „наполитанците“ до 2024 година.

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, планира ова лето да го продаде Калиду Кулибали, дефанзивецот чија вредност е проценета на околу 80 милиони евра, а доколку тоа не му успее, тогаш веројатно сериозно би размислил и за продажба на Лозано. Наполи ќе мора да добие свежи пари по пандемијата на коронавирусот.

Се вчитува...