Евертон го враќа Мемфис Депај во Премиер-лигата

Англискиот премиерлигаш Евертон е заинтересиран за холандскиот интернационалец Мемфис Депај. Напаѓачот на Лион има договор до јуни 2021 година, но раководството на „карамелите“ е подготвено да плати 30 милиони евра и да го врати во Премиер – лигата.

Депај во прекинатиот шампионат на Франција постигна 14 гола на 18 натпревари во дресот на Лион.

За Холанѓанецот постои интерес и од италијанскиот калчолигаш Милан. Лион се наоѓа во финансиска криза откако не успеа да обезбеди пласман на европска сцена за следната сезона и ќе мора да продава дел од најдобрите фудбалери.

Мемфис Депај од 2015 до 2017 година беше член на Манчестер Јунајтед.

 

 

Се вчитува...