Евертон и Арсенал не знаеја да дадат гол пред новите менаџери Анчелоти и Артета

Евертон и Арсенал одиграа реми без голови на „Гудисон парк“ во воведниот меч од 18.коло во Премиер – лигата. И двата клуба договорија нови менаџери, Карло Анчелоти и Микел Артета кои беа на трибините, но тимовите денеска ги предводеа Данкан Фергусон и Фреди Љунгберг.

Мартинели ја имаше најубавата можност за „топчиите“, а ВАР – технологијата не му „додели“ пенал на Евертон во 70.минута. Мечот измина без премногу возбудувања.

По ова реми, Евертон се наоѓа на 15.позиција, додека Арсенал е деветти.

Се вчитува...