Лидс и Евертон одиграа 1-1 на последниот натпревар од Премиерлигата денеска. Евертон и натаму останува без триумф во домашниот шампионат, дојде до третото „реми“.
Евертон поведе преку Гордон уште во 17. минута. Меѓутоа жилавиот Лидс преку Синистера успеа да дојде до еден бод.
Првиот дел ќе остане во сенка на тешката повреда на Родриго, кој веројатно ја скрши клучната коска и го чека пауза од неколку недели.
Лидс остана на одличното петто место на табелата, додека Евертон е десет места подоле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА