Евертон им ги враќа парите за влезници на фановите

Англискиот премиерлигаш Евертон ќе им ги врати парите на навивачите кои ги потрошиле за влезници за преостанатите мечеви од Премиер-лигата оваа сезона. Натпреварувањето во елитната дивизија во Англија е прекинато на 13 март поради пандемијата на коронавирусот и се уште не е познато кога ќе продолжи, а дефинитивно ќе биде без присуство на публика на стадионите.

Евертон одлучи да им ги врати парите на фановите за натпреварите на домашен терен, а понудена им е можност и да добијат попуст за следната сезона или парите од влезниците за преостанатите мет меча да ги донираат во клупскиот солидарен фонд.

„Сите навивачи кои имаат влезници за преостанатите пет натпревари на домашен терен можат да ги добијат парите назад, затоа што се очекува натпреварите, доколку бидат одиграни, да се одржат без присуство на публика“, наведе Евертон.

Се вчитува...