Евертон израмни рекорд стар 80 години – Тогаш „карамелите“ последен пат го освоија англиското првенство

Евертон на почетокот на сезоната игра феноменално. Избраниците на Карло Анчелоти во осминафиналето од Лига купот лесно го совладаа Вест Хем со 4-1. Тоа беше шеста победа во низа за Евертон сезонава, а таков учинок имале само во сезоната 1938/1939 година кога ја освоија титулата во англискиот шампионат. Тие од почетокот на сезоната триумфираа над Тотенхем, Салфорд, Вест Бромвич Албион, Флитвод и Кристал Палас.

Шанса да ја продолжат одличната серија фудбалерите на Евертон ќе имаат веќе во сабота кога во четвртото коло од Премиер-лигата на својот терен ќе го пречекаат Брајтон и Хов Албион.

 

Се вчитува...