Евертон ќе му прави конкуренција на Џордан Пикфорд со Серхио Ромеро

Евертон го мониторира голманот на Манчестер Серхио Ромеро како потнецијална конкуренција за Џордан Пикфорд кој сезоната ја почна со неколку грешки, а особено му се земаат за зло двата кикса во пресметката со Флитвуд Таун во Карабао купот. Ромеро пак падна на трето место во голманската конкуренција во Јунајтед откако Џордан Хендерсон кој се врати од позајмица стана  број два зад Давид Де Хеа.

Токму поради ова и Ромеро наводно бил заинтересиран за преслба на „Гудисон Парк“. Карло Анчелото лично бил инволвиран во целата ситуација иако формална понуда засега нема. Пикфорд има големи проблеми со навивачите на Евертон кои жестоко реагираат на неговите несмаснотии, а дури и селекторот Герет Саутгејт беше во немилост на англиската јавност кога реши повторно да го повика за прв голман во натпреварите на рерпезентацијата.

Се вчитува...