Евертон спасот од катастрофалната сезона ја гледа во редовите на Челси до кој веќе е испратена и понуда од 45 милиони евра за ангажман на Конор Галагер, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо. Младиот англиски репрезентативец оваа сезона забележа 18 настапи во Премиерлигата и тој е еден од оние кому му се препишува блескава иднина.
Сепак 22-годишникот нема загарантирано место на „Стемфорд Бриџ“, а со оглед на бројните играчи кои ги има Челси во средината на теренот и очекуваниот ангажман на Енцо Фернандез нема да биде изненадување доколку се одлучи на промена на средината во желба за поголема минутажа. Според Романо за неговите услуги постои интерес и од други екипи.
EXCL: Everton have submitted a bid to sign Conor Gallagher from Chelsea. It’s £40m proposal plus £5m add ons. 🚨🔵 #EFC
Chelsea will make a decision soon as there are also other clubs interested in Gallagher — and player has to decide his future too. pic.twitter.com/xZeuGqaR01
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 30, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА