Евертон конечно победи, и тоа против Челси

Евертон ја прекина негативната низа од три последовни порази и по промената на клупата успеа да слави триумф од 3-1 над Челси. За составот на Франк Лампард тоа е трет пораз во последните четири меча, со што полека го губи чекорот за самиот врв на табелата.

Ришарлисон во петтата минута донесе водство за Евертон, а Калверт – Левин на стартот од вториот дел го удвои. Матео Ковачиќ во 52.минута даде надеж за Челси дека гостите можат да останат непоразени, но во финишот Доминик Калверт – Левин со вториот гол ги расчисти сите дилеми околу победникот на мечот.

Се вчитува...