Евертон купи нов лев бек од Украина

Евертон го осигура и првиот јануарски трансфер откако „карамелите“ постигнаа целосен договор со Динамо Киев откако преселбата на украинскиот репрезентативец Виталиј Миколенко.

Станува збор за дефанзивец кој настапува на позицијата лев бек, тој денеска ги мина лекарските прегледи, по што ќе го стави и потписот на договорот со Евертон. Премиерлигашот ќе плати 21 милион евра за ангажманот на Украинецот, кој од самиот почеток на 2022 година ќе му се стави на располагање на Рафа Бенитез.

Доаѓањето на Миколенко речиси сигурно ќе значи и заминување на Лука Дињ, откако францускиот интернационалец пред извесно време влезе во конфликт со Бенитез и со дел од соиграчите, по што веќе не е дел од стартниот тим на „карамелите“.

Се вчитува...