Евертон мора да му плати 40 милиони евра на Барнли за кршење на финансиските правила

На Евертон му е наредено да плати 35 милиони фунти (40 милиони евра) отштета на Барнли за кршење на Правилата за профитабилност и одржливост (PSR), а клубот од Гудисон Парк реагираше со негодување и најави жалба. Независен панел од Премиер лигата пресуди дека кршењето на финансиските правила од страна на Евертон во сезоната 2021/22 придонело за испаѓањето на Барнли од лигата.

Клубот издаде соопштение во среда попладне во кое јасно ја наведува својата намера да поднесе жалба на одлуката, сметајќи дека пресудата е фундаментално погрешна. 

„Фудбалскиот клуб Евертон е изненаден и огорчен од одлуката на Независниот дисциплински комитет на Премиер лигата да наложи исплата на отштета на фудбалскиот клуб Барнли за прекршување на PSR од страна на Евертон во јуни 2022 година.“, соопштија од Евертон. 

Клубот од Ливерпул не го прифаќа заклучокот на панелот дека испаѓањето на Барнли од Премиер лигата во мај 2022 година било предизвикано од спортска предност стекната од Евертон преку прекршување на Правилата за профитабилност и одржливост, за што веќе доби значителна спортска казна.

Се вчитува...