Евертон не запира: Нов ден, ново засилување на „Гудисон Парк“

Карло Анчелоти е решен да стори се за да го приближи Евертон до врвот на англискиот фудбал, а управата на „карамелите“ му дава огромна поддршка на италијанскиот стратег исполнувајќи ги неговите желби во овој преоден рок.

Од неделата нов член на Евертон е Алан од Наполи, вчера беше официјализиран трансферот на Хамес Родригез од Реал Мадрид, а денеска на „Гудисон Парк“ пристигна и Абдулаје Дукуре. Станува збор за 27-годишен француски фудбалер кој пристигна од редовите на Ватфорд, потпишувајќи тригодишен договор откако Евертон плати 22 милиони фунти за неговиот трансфер.

„Долго време чекав еден ваков трансфер, верувам дека Евертон е идеален клуб за мене. Подготвен сум да настапам веќе во првото коло ако тренерот реши да смета на моите услуги“, изјави Дукуре по потписот на договорот.

Евертон се наоѓа пред ангажман на уште еден фудбалер, младиот дефанзивец на Челси, Томори, кој треба да пристигне на едногодишна позајмица на „Гудисон Парк“.

Се вчитува...