Евертон од 0-2 до 3-2 за опстанок во Премиерлигата – навивачите предвреме влетаа на теренот

Френк Лампард успеа да го задржи Евертон во Премиерлигата и следната сезона откако во заостанатиот натпревар од 33. коло против Кристал Палас неговиот тим славеше со 3-2 со целосен пресврт во второто полувреме. Со тоа на коло до крајот тимот од Ливерпул стигна до четири бода предност од тимовите кои се наоѓаат во зоната за испаѓање.

Кристал Палас поведе преку Матета уште во 21. минута од средбата, а Ају со гол во 36. минута донесе предност од 0-2. Eвертон ја намали негативата на 1-2 преку Кин во 54. минута, а во 75. минута Ричарлисон успеа да го изедначи резултатот. Големиот пресврт вреден опстанок во елитата на англискиот фудбал го постигна Калверт-Левин во 85. минута.

По голот на англискиот репрезентативец следеше и „напад“ на теренот од страна на домашните навивачи…

Се вчитува...