Евертон поднесе жалба до судиската комисија за спорниот момент со Ливерпул

Евертон денеска испратил жалба со која бара официјално објаснување за најспорниот момент од вчерашното градско дерби со Ливерпул.

Клубот ќе чека информација од судиската комисија зошто не била користена ВАР технологијата при дуелот меѓу Жоел Матип и Ентони Гордон, во кој според Евертон имало прекршок за пенал за нивниот фудбалер.

Спорниот момент се случи пред водството на Ливерпул и затоа во Евертон сметаат дека се сериозно оштетени.

Менаџерот Франк Лампард веднаш по средбата изјави дека ако ситуацијата била на спротивната страна, Ливерпул сигурно ќе добиел пенал.

Со овој пораз Евертон е во опасната зона, а сезонава од судиската комисија веќе доби извинување откако не доби пенал на средбата со Манчестер Сити, кога судиите не го санкционираа играњето со рака на Родри.

Се вчитува...