Евертон со добри вести за Андре Гомеш

Андре Гомеш долго ќе се опоравува од тешката повреда заработена на вчерашниот дуел со Тотенхем, но неговиот клуб Евертон попладнево објави позитивни информации за Португалецот – хируршкиот зафат врз поранешниот фудбалер на Барселона и Валенсија минал во најдобар ред.

„Можеме да потврдиме дека Андре Гомеш беше опериран по фрактурата на зглобот на десната нога, хируршкиот зафат мина исклучително добро. Андре сега ќе мине уште извесно време во болница, за нешто подоцна да почне со рехабилитациска програма под надзор на клупските лекари. Се очекува тој целосно да ја надмине повредата“ – објави клубот од „Гудисон парк“.

Се вчитува...