Евертон во тензична битка го шокираше Челси, Тотенхем лесно со Лестер (ВИДЕО)

Во повеќе од интересен натпревар, Евертон славеше со 1-0 против Челси во 35. коло од Премиерлигата.

Тимот од Ливерпул до победата дојде со голот на Ричарлисон во 47. минута од средбата, откако успешно украде една топка од Азпиликуета на работ од шеснаесетникот пред голот на лондончани.

Тотенхем, пак, убедливо со 3-1 триумфираше против Лестер.

Кејн во 22. минута донесе предност од 1-0, а потоа во вториот дел два гола постигна Сонг-Хјун Мин. Единствениот погодок за гостите беше дело на Ихеаначо во судиското продолжение од дуелот.

Се вчитува...