Евертон заработи богатство на продажбата на името на стадионот

Англискиот премиерлигаш Евертон ќе заработи цело богатство, откако ќе се пресели на нов стадион. Легендарниот „Гудисон“ на почетокот на сезоната 2023/2024 ќе замине во историјата, а тимот од Ливерпул ќе се пресели на новиот 500 милиони фунти вреден, „Бремли-Мур Док“.

Иако дури за три години ќе го одиграат првиот натревар на новиот стадион, тие веќе ги продадоа правата на рускиот милијардер, Алишер Усманов, па затоа стадионот ќе го носи името на неговата компанија, а за десетгодишниот договор Евертон ќе инкасира околу 200 милиони фунти. Усманов веќе уплати 30 милиони фунти како би станал главен спонзор на стадионот. Капацитетот ќе биде 62.000 места, а од клубот пренесоа дека со преселбата на новиот стадион цените на билетите ќе бидат за нијанса поскапи од тие кои што се во моментов за на „Гудисон“.

Се вчитува...