Евра распали по Јунајтед: Луѓе дали сте вие нормални? Го уништивте клубот!

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра остро ги критикуваше одредени луѓе во клубот обвинувајќи ги дека му нанесуваат штета на клубот. Евра во осум години поминати на „Олд Трафорд“ одигра скоро 400 натпревари, а со тимот беше дел од сите успеси во последниот дел од ерата на Сер Алекс Фергусон.

„Клубот не смее да биде толку арогантен. Има луѓе во клубот кои не го почитуваат ниту Сер Алекс Фергусон. Тие сакаат да избришат се што оставија Боби Чарлтон, Џорџ Бест, генерациите од 1999 и 2008 година. Поради што? Само поради бизнис. Ед Вудворд им верува на луѓе на кои не треба. Кога сакаме да доведеме фудбалер што вреди 20 милиони, ние за него нудиме 100. Знам дека некои луѓе се плашат да проговорат бидејќи не сакаат да ја изгубат работата. Мене тоа не ме интересира. Мене не ми е потребен Јунајтед, јас го сакам Јунајтед“, напиша Евра. 

 

Се вчитува...