Евра се потсети на детството: Просев по цели денови, имав тежок живот…

Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Патрис Евра се потсети на своето детство, нагласувајќи дека имал тежок живот…

„Имав тешко детство. Имав многу браќа и сестри и не беше лесно да се преживее. Израснав на улица во Париз. Немавме пари ниту за основна храна. Не се плашам да кажам дека некогаш просев по цели денови пред супермаркетите. Некои даваа, некои не. Но, се собираше за преживување“ – вели Евра.

Французинот дополнува дека тоа многу му помогнало да се изгради како личност.

„Тогаш научив дека мора вредно да работиш за да заработиш. Тој период ми даде карактер. Јас всушност многу научив на улица. Тоа ми помогна да бидам силен“ – истакнува Евра.

Патрис Евра својата кариера ја заврши во Вест Хем, а претходно настапуваше и за Јувентус, Монако, Марсеј. За репрезентацијата на Франција одигра 81 натпревар.

Се вчитува...