Евро-гол на Димитриевски, Брегалница го победи Пелистер со 3-1

Фудбалерите на Брегалница триумфираа убедливо со 3-1 против Пелистер на последната контрола за време на своите подготовки во Охрид.

Штипјани славеа со 3-1 на дуелот кој се одигра на Градскиот стадион во Струга.

Стрелци за победата на „сините“ беа Ѓорѓи Ѓоргиев во 21. минута, по што пелистерци во 26. минута израмнија на 1-1. Но во второто полувреме вистински евро-гол постигна Димитриј Димитриевски за 2-1 во 52. минута, а Зоран Андонов во 61. минута постигна гол директно од слободен удар за конечни 3-1.

По овој тест дуел Брегалница се враќа во Штип, каде ќе биде реализирана последната фаза од подготовките пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

Се вчитува...