Евро-гол на Молина…, но Рома од пенал во 94. минута се спаси од пораз во Удине (ВИДЕО)

Рома се спаси од пораз на гостување против Удинезе во 94. минута со гол од пенал. „Волчицата“ во 29. коло од Серија А, на крај ремизираше (1-1) благодарение само на голот од белата точка во самиот финиш.

Претходно, Удинезе поведе со евро-голот на Молина уште во 15. минута.

Но, кога домашните очекуваа победа, Пелегрини со гол од пенал во 94. минута донесе конечни 1-1.

Илија Несторовски и натаму не добива можност за настап во дресот на Удинезе, останувајќи на клупата за резервни фудбалери.

Се вчитува...