Евро-гол на Пепи Ѓорѓиев каков ретко се гледа… (ВИДЕО)

Брегалница со три победи и реми ги заврши своите четири пријателски натпревари за време на подготовките во Анталија. На денешниот дуел штипјани со 2-0 славеа и против казахстанскиот суперлигаш Кизилжар. Притоа вториот гол во 27. минута беше вистинско ремек-дело на офанзивецот Пепи Ѓорѓиев. На извонреден начин со ножички реагираше на десеттина метри пред голот на противникот, откако претходно и самиот ја почна акцијата за погодок…

Се вчитува...