Евро-голот на Имобиле недоволен, Лацио капитулираше пред Наполи

Наполи излезе како победник од првото дерби во „Серија А“ сезонава откако актуелниот вицешампион како гостин го совлада Лацио со 1-2.

Чиро Имобиле постигна фантастичен погодок за еуфорија меѓу домашните навивачи, откако со прекрасна финта се ослободи од тројца гостински играчи пред да ја смести топката во мрежата. Сепак, тоа беше се што Лацио успеа да стори на оваа среда бидејќи гостите од Неапол потоа ја презедоа контролата над играта.

Наполи најпрвин имаше еден поништен гол со ВАР-технологија, но избраниците на Анчелоти сепак успеаја да израмнат пред крајот на полувремето со погодокот на Милик. Конечните 1-2 во вторите 45 минути ги постави Инсиње со прецизен удар во горниот агол од голот на римскиот клуб.

 

Се вчитува...