Сасуоло и Пиза ремизираа со 2-2 во последниот натпревар од 12. коло од италијанското првенство.
Гостите поведоа уште во 4. минута преку Нзола кој реализираше од белата точка, но славјето траеше само две минути пред Матиќ со фантастичен гол од шестнаесетникот да донесе изедначување.
🇮🇹🟢⚫️ Sassuolo 1-1 Pisa | Serie A
ESPECTACULAR VOLEA DE NEMANJA MATIC PARA MARCAR SU PRIMER GOL CON EL SASSUOLO 🚀pic.twitter.com/F9FhQOf0GX
— Ligas Top del Fútbol (@LigasTopFutbol) November 24, 2025
Пиза стигна до ново водство благодарение на голот на Мајстер во 81. минута од средбата, но домаќините успеаја да извлечат бод во петтата минута од судиското продолжение на второто полувреме кога мрежата ја затресе Торствед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

