Еврогол на Роналдо и хет-трик на Феликс за нов триумф на Ал Наср (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал Наср остануваат стоотстотни во новата сезона во шампионатот на Саудиска Арабија откако вечерва во последниот меч од денешната понуда од 5. коло славеа над Ал Фатех со 5-1.

Водство за домаќините од 1-0 донесе Жоао Феликс во 13. минута. Гостите израмнија на 1-1 преку Бендебка во 54. минута. Пет минути подоцна Кристијано Роналдо промаши пенал, но веднаш се поправи и донесе ново водство од 2-1 со што стигна до својот 950 гол во кариерата.

На 3-1 зголеми Жоао Феликс во 68. минута со својот втор гол на асистенција на Кристијано Роналдо, додека 4-1 беше со голот на Кингсли Коман во 75. минута. Жоао Феликс го заокружи хет-трикот со погодок во 79. минута за 5-1.

Al Nassr [2] – 1 Al Fateh – Cristiano Ronaldo Great-goal 62'
byu/Big-Education-916 insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...