Евролига ги објави протоколите за новата сезона – Два теста неделно, без изолација на цел тим

До почетокот на новата сезона во Евролига остана уште еден месец, а раководството на натпреварувањето подготви протоколи за тестирање на коронавирусот. Кошаркарите во текот на сезоната сигурно ќе бидат тестирани по еднаш неделно. Тестирањето ќе се одржи три дена пред мечот, а земјите кои што се позагрозени од пандемијата, кошаркарите ќе мора да прават по два теста. Вториот тест ќе се прави на еден ден до мечот.

Евролига нема да ги објавува имињата на кошаркарите кои се заразени, освен во случај ако тие самите не потврдат. Исто така доколку само еден член на клубот е позитивен нема да се бара цел тим да иде во изолација. Заразениот кошаркар заминува во четиринаесет дневна изолација, а за да се врати да тренира со тимот мора на два теста едно подруго да биде негативен.

Евролига треба да почне на 1. октомври со мечот меѓу Ефес и Зенит, но се уште целиот старт е под знак прашалник.

Се вчитува...