Евролига ги промени правилата: Нема службени порази за екипите кои имаат проблеми со COVID-19

Екипите кои нема да можат да одиграат прдвиден натпревар поради тоа што нема да можат да соберат осум играчи, а причината за тоа да е коронаирусот нема да ги губат натпреварите по службен пат. Ова ќе важи и за тимовите кои поради регулативите на локалните власти ќе мора да одат во карантин.

Овие одлуки кои беа највени минатата седмица денеска беа и официјализирани. Евролигата информира дека новите правиле ќе важат ретроактивно и нема да им се сметаат службените порази на екипите кои досега не беа во можност да играат поради позитивни случаи на COVID-19.

Според најновата одлука, натпреварите кои нема да може да бидат одиграни во редовниот термин ќе може да имаат три презакажувања. А ќе мора да бидат презакажувани по завршувањето на регуларниот дел или по плеј-офот во зависност од која фаза на натпреварувањето е неодиграниот дуел. Овие правила ќе важат и за Евролигата и за Еврокупот.

Се вчитува...