И Евролига гo прекина натпреварувањето

Раководството на Евролигата соопшти дека го суспендира натпреварувањето. Минатата ноќ беше суспендирана НБА лигата, а Асоцијацијата на кошаркари во Евролигата побара тоа да се случи и во европското натпреварување, што беше прифатено од страна на Евролигата.

„Евролигата привремено ги суспендира сите свои натпреварувања. Светската здравствена организација прогласи пандемија, Евролигата по преговори со клубовите, донесе привремена суспензија на сите натпреварувања (Евролига, Еврокуп и јуниорската Евролига)“, стои во соопштението од Евролигата. 

Цело 29. коло е одложено, а во следните неколку дена Евролигата ќе ги објави следните чекори околу ситуацијата.

Се вчитува...