Евролига: Петар Наумоски – „Бисерот од Македонија“ меѓу најголемите во европската кошарка

Поранешниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација, Петар Наумоски, е вброeн меѓу најголемите игрaчи на европскиот континент во специјалната едиција наречена „101 Greats of European Basketball“ во која се сите кошаркари кои според Евролига имале големо влијание во кревањето на нивото на овој спорт на Стариот контиент. Во изборот на Владимир Станковиќ се играчи кои ја завршиле кариерата пред издавањето на книгата во 2018 година.

Во претставувањето на Наумоски е раскажана неговата приказна од почетоците во Работнички, трансферот во Југоплaстика и соработката со Божидар Маљковиќ, враќањето во Скопје поради распадот на Југославија, неверојатната сезона со Работнички и трансферот во Ефес. Големите успеси со турскиот клуб и заминувањето во Бенетон, враќањето во Турција.

Посебно место во приказната за Пеце има дебитантскиот настап со македонската репрезентација на Европското првенство во Франција 1999 година. Во овој дел се споменуваат и Врбица Стефанов и Владо Илиевски као соиграчите кои имале важна улога во пласманот на националниот тим.

Комплетната приказна наречена „Бисерот од Македонија“ можете да ја видите на овој линк.

Се вчитува...