Евролига Топ 10 потези: Теодосиќ, Монеке, Хезоња… (видео)

Триесет и првото коло од Евролигата донесе низа интересни натпревари кои изобилуваа со атрактивни потези. Оние најдобрите се најдоа и во најновата Топ 10 листа од елитното европско натпреварување, во која се најде место за маестралниот Милош Теодосиќ, потоа за Лесор, Чима Монеке, но и за центарот на Анадолу Ефес, Тајрик Џонс, кој со блокада во последната секунда спречи сензација на Алба во Истанбул.

Врвот е резервиран за Марио Хезоња и неговото суператрактивно забивање на гостувањето против Партизан. Хрватот погоди неколку тројки на гостувањето во Белград, но најубав потег дефинитивно му беше цепелинот во првата четвртина кога на асистенција на Козер барем за момент ги замолкна домашните фанови во „Арена“.

Уживајте во овие десет фантастични потези…

Се вчитува...