Евролига: Црвена Звезда поразена и од Монако

Кошаркарите на Црвена Звезда го претрпеа и четвртиот пораз во последните пет натпревари во Евролигата откако на домашен терен загубија од Монако со 80-91. Белграѓани одиграа натпревар со две различни полувремиња, беа одлични во првото, но потфрлија во второто.

„Црвено-белите“ по 10. минути играа имаа висока предност од 30-19 по што го задржаа високото водство и на полувремето (52-42), но не успеаја да го префрлат високиот напаѓачки ритам и во второто. Во него блескаше само Монако кој веќе пред последната четвртина го изедначи резултатот (64-64) за во последните десет минути да стигне до 12. победа во сезоната.

Со 19 постигнати поени Холинс беше првото име кај домаќините, а него го следеше Ивановиќ со 15 поени и 4 скока. Кај гостите се истакна Монтејунас со 20 поени и 6 скока, додека Бекон броеше до 17 поени.

Се вчитува...