Евролига: Валенсија се засилува, Ефес и Барса ги чуваат клучните играчи

Валенсија продолжува да се засилува за наредната евролигашка сезона, откако шпанскиот клуб ангажираше уште едно одлично засилување. Станува збор за Дерик Вилијамс, вториот пик од НБА-драфтот од 2011 година кој последните две години со голем успех настапува во Европа. Американецот ја мина ланската сезона во Фенербахче, во просек постигнуваше по 11,3 поени и 3,9 скокови по натпревар. Валенсија исто така е заинтересирана и за Нандо де Коло, но за разлика од Вилијамс се очекува францускиот репрезентативец да остане во Фенер.

Анадолу Ефес создаде моќен тим ланската сезона, па управата на турскиот гигант летово преговара за да ги задржи клучните кошаркари во тимот. По Бобуа, денеска нов договор потпиша и Чарлс Синглтон, кој најмалку уште две сезони ќе го носи дресот на Ефес.

Нови договори се потпишуваат и во Барселона, денеска соработката со каталонскиот гигант ја продолжи и Американецот Дејвис, откако вчера истото го сторија Ориола и Курич.

Се вчитува...