Европа ќе добие нов „владетел“ – Белгија во мега дуел ја елиминираше Португалија (ВИДЕО)

Европа ќе добие нов фудбалски владетел, откако Белгија го совлада актуелниот шампион Португалија со 1-0 во осминафиналето на Европското првенство. Клучниот момент се случи во 42. минута, кога Торган Азар со прекрасен гол донесе водство за Белгијците кое на крајот се покажа како доволно за пласман меѓу осумте најдобри на еврошампионатот.

Во вториот дел Португалија заигра далеку подобро. Имаа неколку убави шанси кои не успеаја да ги искористат, а најблиску до гол беше Рафаел Гереиро кој во 83. минута ја погоди стативата.

Во четвртфиналето Белгија ќе игра против Италија која вчера беше подобра од Австрија по продолженија со 2-1.

Се вчитува...