Европа пак го реши „тимот на светот“, Зверев е човекот на одлука

Тимот на Европа ја одбрани титулата во „Лејвер Купот“ што годинава се одржа во Женева, откако во супердраматичниот трет натпреварувачки ден стигна до пресврт и на крајот триумфираше со 12-11 над „тимот на светот“.

Европјаните се најдоа во негатива од 10-11, но најпрвин Федерер го победи Иснер , по што во решавачкиот меч на терен излегоа Александар Зверев и Милош Раониќ. По голема битка славеше германскиот тенисер со 6-4, 3-6, 10-4, за огромна радост на европските тенисери.

Дел од овој успех беа Федерер, Надал (поради повреда го пропушти ден), Зверев, Тим, Циципас, Фоњини и резервата Баутиста Агут.

Европа три години по ред успева да триумфира над „тимот на светот“, кој ќе се обиде да стигне до првиот пехар следната година на домашен терен, со оглед на фактот дека „Лејвер купот“ во 2020 година ќе се одржи во Бостон.

Се вчитува...