Европа се подалеку: Емполи го шокираше Јувентус

Веста за десетте одземени бодови го одзема вниманието на фудбалерите на Јувентус за кои заврши серијата од три победи едно по друго со пораз на гостувањето кај Емполи од 3-1.

Со реализација од белата точка Капуто донесе предност од 1-0 за Емполи во 18. минута, а само три минути подоцна Луперто ја затресе мрежата за 2-0. Истиот фудбалер зголеми на 3-0 во 48. минута, а откако Кијеза ублажи на 3-1 со гол во 85. минута, конечните 4-1 ги постави Пиколи во 93. минута.

Сега Јувентус е на седмата позиција на табелата со 59 освоени бодови, еден помалку од Рома која е на последната позиција која води во европските натпреварувања следната сезона. Емполи пак останува на 14. место на табелата со 42 освоени бодови.

Се вчитува...