Европскиот првак има проблем со одбраната: Три примени гола во ремито со Стразбур

ПСЖ не успеа да ја оправда фаворитската улога и со многу мака стигна до реми против Стразбур, играјќи 3-3 против најпријатното изненадување во францускиот шампионат.

Отсуството на Дембеле не е толку голем проблем во нападот како неиграњето на Маркињос во одбраната, „светците“ повторно имаа серија грешки во последната линија што гостите безмилосно ги казнија, поведувајќи со 1-3 откако ПСЖ прв поведе со раниот погодок на Баркола.

Тимот на Луис Енрике не се предаде, преку Рамос (од пенал) и Мајулу стигна до израмнување, но и покрај иницијативата во финишот не успеа да го комплетира пресвртот и мораше да се задоволи само со еден, наместо со планираните три бода.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...