Ф4 Младински лиги: Феникс 2010 и Работнички ќе се борат за титулите во М16 и М18

Младинските лиги во конкуренциите до 16 и 18 години денеска ги одиграа полуфиналните мечеви од развршниот турнир по кои место во финалето изборија Работнички и Феникс 2010, односно Феникс 2010 и Работнички 2.

Првиот полуфинален натпревар од конкуренцијата за играчи до 16 години му припадна на Работнички кој славеше над Вардар со 97-85. „Цревено-белите“ беа подобриот противник во текот на целиот натпревар, првата четвртина ја добија со 27-21, а веќе до полувремето имаа предност од 57-44. Добриот ритам на центарци продолжи и до крајот на мечот со што во неколку наврати имаа и предност од 18 поени.

Друштво во финалето на Работнички ќе му прави тимот на Феникс 2010 кој славеше во дуелот против МЗТ Скопје со 44-70. Тимот од Маџари текот на натпреварот го назначи од самото отварање и по првите десет минути имаше предност од 26-7, на полувремето истата изнесуваше 38-21, а добриот ритам продолжи и до самиот крај за победа од 70-44.


Во финалето од конкуренцијата за играчи до 18 години прв се пласираше Феникс 2010 кој славеше на дуелот против Куманово со 52-69. Избраниците на Денис Дервишевиќ постојано го одржуваа водството, а на полувремето имаа предност од 35-25. „Сино-белите“ успеаја да се приближат на само пет разлика во пресрет на последните десет минути, но Феникс 2010 ја стабилизираше својата игра и ја врати двоцифрената предност за комотност до крајот на мечот.

Вечното дерби помеѓу МЗТ Скопје Уни Банка и Работнички 2 им припадна на „црвено-белите“ кои славеа со 58-81. Работнички се стекна со преднсот од 13-19 по првите 10. минути игра, а истата ја задржа и на полувремето (28-35). МЗТ Скопје успеа да запрети на почетокот на второто полувреме, но финишот на третата четвртина им припадна повторно на центарци кои стигнаа до +17 (45-62) и ја осигураа победата.

Вардар и МЗТ Скопје во категоријата до 16 години силите ќе си ги одмерат утре со почеток од 15 часот за третото место, додека од 17 и 30 на мечот помеѓу Работнички и Феникс 2010 ќе биде одлучен и шампионот на категоријата.

Натпреварот за третото место во категоријата до 18 години на кој ќе се сретнат Куманово и МЗТ Скопје е закажан за почеток од 17 часот, додека Феникс 2010 и Работнички за титула ќе се борат од 19:30.

Се вчитува...