Ф4 Младински лиги: Шампионите во М16 и М18 ќе бидат одлучени на „Кале“

По двата богати викенди и бараж натпреварите познати ни се и сите патници на Ф4 турнирот во младинските конкунреции до 16 и 18 години кои денеска и утре на „Кале“ ќе се натпреваруваат за трофејот.

Во конкуренцијата до 16 години во денешните полуфинални дуели кои ќе бидат одиграни во малата сала силите ќе си ги одмерат Работнички и Вардар, односно МЗТ Скопје и Феникс 2010.

Натпреварот помеѓу Работнички и Вардар е закажан со почеток од 17 часот, додека од 19 и 30 ќе биде одлучен и последниот патник во финалето од средбата помеѓу МЗТ Скопје и Феникс.

Поразените од овие натпревари силите ќе си ги одмерат утре со почеток од 15 часот, додека од 17 и 30 ќе биде одлучен и шампионот на категоријата.

Натпреварите во конкуренцијата до 18 години ќе бидат одиграни во големата сала и во истите ќе се сретнат Куманово и Феникс 2010, односно МЗТ Скопје и Работнички 2.

Првиот полуфинален натпревар денеска е закажан со почеток од 17 часот и во него ќе се сретнат Куманово и Феникс 2010, додека од 19 часот и 30 минути ќе се сретнат МЗТ Скопје и Работнички 2.

Борбата за третото место ќе биде одиграна утре со почеток од 17 часот, додека шампионот ќе биде одлучен од 19 часот и 30 минути.

Се вчитува...