Ф8 во Литванија – потенцијално решение за Евролигата

Каунас и Вилнус би биле најсериозните кандидат за домаќини на евентуалниот Ф8 турнир со кој би била завршена сезоната во кошаркарската Евролига. Според „Gazzetta dello Sport“ идејата е ова да биде решението за актуелното првенство да има некаков крај. Во конкуренција би биле и Атина и Москва, но литванските градови предничат во изборот.

Евролигата е во прекин од 12. март. На последниот состанок на челниците на организацијата беше потенцирано дека приоритет е сезоната да биде завршена. Идејата за завршен турнир со повеќе од четири екипи е веројатното решение, но сепак ќе се чека да биде завршена кризата со коронавирусот.

Според регуларниот распоред, во Евролигата има уште шест кола, потоа би требало да има четвртфинални дуели и Ф4 турнир.

 

 

 

Се вчитува...