ФА го казнува Деле Али поради исмејување на коронавирусот?

Фудбалската асоцијација на Англија го контактираше фудбалерот на Тотенхем, Деле Али поради спорните објави на социјалните мрежи поврзани со корона вирусот. Али на друштвените мрежи се шегуваше на сметка на опасниот живот кој веќе зема многу жртви во светот.

„Здраво луѓе. Деле е. Сакам само да се извинам поради видеото кое го објавив. Не сакам да имате лошо мислење за мене. Тоа што го направив не е смешно и затоа веднаш го избришав видеото. Со такви работи не треба да се шегува. Им испраќам многу љубов на сите во Кина“, напиш Али. 

Али се извини, но се очекува да се види како Фудбалската асоцијација на Англија ќе одлучи во врска со спорната објава на младиот фудбалер.

Се вчитува...