ФА Куп на Англија: Елиминирани Астон Вила и Брајтон

Астон Вила и Брајтон се првите премиерлигаши кои се елиминирани од ФА Купот на Англија, откако овие два тима не ги оправдаа фаворитските улоги на средбите против ривали од Чемпионшип-дивизијата.

Астон Вила претрпе пораз од 2-1 на гостувањето против Фулам, Артер го постигна победничкиот гол за лондонскиот клуб во 74. минута. Брајтон денеска беше домаќин на Шефилд Венздеј, но неочекувано загуби со 0-1 со голот што го постигна Рич во 65. минута.

Ватфорд ќе мора да игра уште еден натпревар против Транмере откако премиерлигашот прокоцка предност од 3-0, па на крајот ремизираше 3-3 против нисколигашот. Саутемптон рутински си ја одработе задачата против Хадерсфилд, триумфирајќи со 2-0, додека Норвич убедливо славеше на гостувањето против Престон со 2-4.

Се вчитува...