ФА покрена истрага против Тухел: Германецот го очекува подолга суспензија

Томас Тухел, менаџерот на Челси вчера предизвика инцидент со неговиот колега Антонио Конте, по што и двајцата заработија црвен картон. Тоа автоматски значи дека и двајцата нема да ги водат своите тимови на следниот натпревар во Премиерлигата.

Медиумите од Англија пренесуваат дека Тухел може да добие и поголема суспензија и плус парична казна поради коментарите за судијата Ентони Тејлор.

„Денеска? Да, имам повеќе проблем со судијата. Можеби би било подобро веќе да не суди натпревари на Челси. Не мислам дека само дел од навивачите на Челси мислат дека тој имаше ужасни одлуки на штета на Челси. Ве уверувам дека целата соблекувална го мисли истото, како и секое друго лице. Играчите знаат што се случува додека се на теренот. Секако дека се загрижени кога тој ќе биде задолжен за судење на некои од нашите натпревари“, изјави Тухел.

ФА веднаш започна постапка против менаџерот на Челси, што може да резултира со дополнителна суспензија и парична казна ФА вообичаено нема милост кога се критикуваат судиите, без разлика дали зборовите на менаџерите и играчите се оправдани или не.

Се вчитува...