ФА со официјално барање: Дуелите меѓу „големите шест“ во Премиерлигата да не се одржуваат недела пред Мундијалот

Фудбалската асоцијација на Англија достави барање до Премиер-лигата, во кое се бара натпреварите меѓу „големите шест“ да не се закажуваат во викендот пред почетокот на Светското првенство во Катар.

Тоа ќе значи дека пред Мундијалот ќе нема дерби доколку така одлучи ждрепката, и ќе има промени доколку се паднат да играат меѓу себе некои од екипите од „големата шестка“ која ја сочинуваат Манчестер Сити, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Тотенхем и Челси.

Доколку се падне некој натпревар меѓу овие два тима, истиот да биде поместен, стои во барањето на ФА, се со цел играчите да се поштедат од повреди пред настапот во Катар.

Оваа година Мундијалот ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.

Се вчитува...