ФА започна постапка против Манчестер Сити

Англиската фудбалска асоцијација потврди дека е започната истрага против Манчестер Сити кој не успеа да ги контролира своите фудбалери во неделниот натпревар против Тотенхем.

Спорната ситуација дојде при самиот крај на средбата кога судијата Сајмон Хупер при резултат 3-3 запре контра напад на Манчестер Сити и покрај тоа што прво досуди предност за „граѓаните“. Незадоволството фудбалерите го изразија опкружувајќи го судијата што е прекршок на правилото Е20.1.

„Манчестер Сити е оптужен за прекршување на правилото Е20.1 на Фудбалската асоцијалција. Во 94. минута од натпреварот, клубот пропушти да ги спречи своите фудбалери од прекршување на правилото за примерно однесување“, стои во соопштението на ФА.

Се вчитува...