Фабијан Руиз е „кралската“ желба за јуни

Шпанскиот репрезентативец Фабијан Руиз кој настапува за Наполи е желбата на Реал Мадрид за летниот преоден рок. Шпанскиот весник „АС“ на насловната страница ја донесе веста дека „кралевите“ сериозно се заинтересирани за фудбалерот за врска на „наполитанците“ и подготвени се да платат 70 милиони евра. Тој има договор до 2023 година, а Зинедин Зидан смета дека би бил одлично засилување за Реал Мадрид од следната сезона.

Сепак, преговорите нема да одат така лесно, со оглед дека Фабијан Руиз има отштетна клаузула од 100 милиони евра во договорот со „наполитанците“. Руиз останува во Неапол најмалку до јуни затоа што сака да се наметне и за место во репрезентацијата на Шпанија за претстојното ЕВРО 2020.

 

 

Се вчитува...